Еми Мартинес скапо ќе го плати безобразниот потег во Катар

Аргентинскиот голман Емилиано Мартинес се најде во центарот на вниманието на Мундијалот поради одличните настапи на теренот, но и поради недоличното однесување на доделувањето на трофеите и ќе ги сноси последиците за тоа.

Откако ја прими наградата за најдобар голман на Мундијалот во Катар, со непристоен потег ги шокираше сите присутни на стадионот, но и оние што гледаа дома, кога наградата ја стави пред меѓуножјето.

На теренот со одличните одбрани беше еден од најважните играчи за титулата светски првак, но наместо Мундијалот да ги отвори вратите за поголемите клубови, контроверзниот голман со овој потег сам си ја затвори вратата.

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, го критикуваше за недоличното прославување на титулата, а шпанскиот портал Fichajes пишува дека тој веќе одлучил да го продаде.

„Кога емоциите се силни, тешко е да се контролираат. Сепак, следната недела ќе разговарам со него за начинот на кој славеше. Сега тој е со својата репрезентација и го почитувам тоа, но кога ќе дојде во клубот, тоа е наша одговорност“, изјави Емери пред неколку дена.

Сепак, се чини дека разговорот ќе биде само формалност, а Мартинес веќе во зимскиот преоден рок ќе менува клуб. Интересно, на голот на Астон Вила треба да биде заменет со друг голман кој се прослави во Катар - Мароканецот Јасин Буну. Севиља за него бара 40 милиони евра, што е сосема прифатлива цена за Астон Вила.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Фудбал

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе