Ако знаете кое е нивото на емоционална зрелост на една личност, тогаш најверојатно ја знаете најважната работа што треба да ја знаете за неа.
Постигнувањето емоционална зрелост може да трае со години и да биде многу болeн процес.
Еден од најзагадочните аспекти на она што сме е фактот дека нашиот емоционален развој не секогаш држи чекор со нашиот физички развој.
Може да имаме 45 години, а да се однесуваме како четиригодишни деца кога станува збор за нашите импулси или начинот на кој комуницираме. Исто така, може да сме на прагот на полнолетството, а да имаме емоционална зрелост на длабоко продуховена личност.
За да ја утврдиме својата или нечија туѓа емоционална зрелост, може да го примениме овој едноставен тест на The School of Life и за неколку минути да го добиеме одговорот на ова комплексно прашање.
Тестот всушност се темели на тоа како реагираме во ситуации кога сме ранливи.
Кога една личност на која емотивно зависите ќе ве изневери, разочара или ќе ве остави на цедило, кој е вашиот најкарактеристичен начин на реагирање?