Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Ерменија мора веднаш да се повлече од територијата што ја окупира во Азербејџан и дека е време да се прекине кризата поради отцепувањето на регионот по конфликтот на азербејџанските и ерменските сили.
Најмалку 21 лице е убиено денеска во текот на вториот ден на жестоки борби околу Нагорно-Карабах, регионот во внатрешноста на Азербејџан каде повеќето жители се етнички Ерменци. Анкара вети дека ќе поддршка на Азербејџан во конфликтот, пренесе Reuters.
„Време е да се заврши кризата во регионот која започна со окупација на Нагорно-Карабах. Регионот повторно ќе има мир откако Ерменија веднаш ќе се повлече од азербејџанската земја што ја окупира“, изјави Ердоган во Истанбул.
Тој смета дека Азербејџан мораше да ги преземе работите во свои раце, без разлика дали тоа му се допаѓа нему или не.
„Турција и понатаму ќе биде покрај Азербејџан со сите свои ресурси и со срцето“, додаде Ердоган.