Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека официјални лица од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија ги преслушале аудиоснимките во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги што им ги дала Турција.
– Им дадовме снимки. Им дадовме на Саудиска Арабија, САД, на Германците, Французите и Британците. На сите нив. Тие ги преслушале разговорите. Сите знаат, изјави Ердоган.
Тој го повика Ријад да го идентификува убиецот меѓу 15-те членови на тимот кои дошле во Турција неколку дена пред убиството на Кашоги.
– Саудиската влада може тоа да го открие така што ќе ги натера оние 15-мина да прозборат, потенцира тој.