РОДОВИТЕ ПРИКАЗНИ НИЗ ОБЈЕКТИВ

Ерина Богоева: Ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот

Во Национална Галерија На Македонија - Мала Станица овој четврток, 22 јуни, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Родовите приказни низ објективот на Ерина Богоева“, која ќе биде изложена и следните седум дена. Изложбата е во организација на Europe House Скопје и ќе биде отворена од евроамбасадорот Дејвид Гир.

Фотографката Ерина Богоева ѝ е добро позната на македонската јавност, а најпрепознатлива е по третирањето на брутализмот во скопската архитектура, серијал со кој го привлече вниманието и надвор од земјава. Портретите исто така се медиум кој Богоева го работи со страст и непоколеблива препознатливост, а за новата изложба во фокус се родовите идентитети и приказни.

Богоева, дипломиран филолог на катедрата по Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија при Нотингам Универзитетот, Велика Британија, своите почетоци во уметноста и поконкретно во фотографијата ги врзува со програмата на Меѓународната матура, во склоп на средното образование во гимназијата „Јосип Броз- Тито“ во Скопје. Таа е самоук фотограф и активно се занимава со фотографија од 2007 година. Во тој период била дел од многу изложби („Плоштад Фотографика“, „Денови на Македонска Фотографија“, „Урбан Пејсаж“, „Хуманоста за Јоце не познава граници“, „Микро Изложба“, „Инстаграмџии“), како и креативни групни и самостојни проекти во Македонија и надвор од неа. Во 2009 година таа е добитник на награда во младинската категорија на Деновите на Македонската Фотографија, а во 2012 добива прва награда за фотографија на тема „Скопје од мој агол“. Во  2013 година Богоева е дел од „Fearful visions“ проектот во Берлин со своја фото-поставка. За време на нејзините студии во Нотингам (2013-2014) по филм, телевизија и екранска индустрија, станува фотограф за „The New Theater“ при Нотингам Универзитетот и нејзини фотографии се појавуваат во тамошното списание „Impact“. Во 2015 се приклучува на жирито на проектот „Фото на неделата“ организиран од ЏаБест и станува дел од уредувачкиот тим на македонскиот фото-блог Revoshot.

Во мај, 2016 година Богоева ја има својата прва самостојна изложба под наслов „Животот на улиците во Европа“ во во изложбениот простор на ЕУ Инфо Центарот како дел од програмата на Денот на Европа. Оваа изложба беше организирана и во рамки на серијата „Културни приказни" на ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Во октомври 2016 ја има својата втора самостојна изложба, насловена „Небото над Скопје“, во склоп на манифестацијата „Бела Ноќ“, во Скопје. Нејзината трета самостојна изложба беше поставена во март 2017 година во кафулето Wonderlust во Скопје. Изложбата е под наслов „Четири годишни времиња и малку љубов“ и е нејзина прва продажна изложба. Во 2017 година, Богоева се посветува на фотографирањето архитектура и во октомври истата година ја постаува својата четврта самостојна изложба насловена „Затемнетиот Град“ во Музејот на Современата Уметност во Скопје, а поддржана од програмата Новиот културен бран на Министерството за култура. Во 2018 година овој проект се проширува и во монографија, поддржана од Град Скопје и издавачката куќа Арс Ламина. Монографијата „Скопје- архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ ја добива националната награда „13-ти Ноември“ во 2019 година. Истата година Богоева се приклучува на тимот на предавачи во Семос Едукација и оттогаш го држи предметот „Основи на фотографија“ при програмата за графички дизајн.

Во октомври 2021 година јавноста ја виде нејзината петта самостојна изложба „Мистеријата зад Женскиот поглед“ поддржана од Europe House Skopje, проследена со дискусија инспирирана од изложбата, а посветена на жените во креативните индустрии во нашата земја. Истата година, во ноември таа е дел од фотографската изложба на модното списание Vogue во Милано, преку VID фондацијата.

Разговаравме со Богоева пред отворањето на утрешната изложба, за нејзиниот креативен процес, за фотографијата, за уметноста. Таа вели дека низ работата со многу креативни луѓе кои го искажуваат својот родов идентитет на многу различни начини успеала да научи многу и за тој идентитет и кај себе.

„Низ овие фотографии и кратки приказни на транс лица, дрег кралици, како и цис креативци сакам да покажам дека убавината навистина лежи во разноликоста иако некогаш таа, за жал, е маргинализирана. Сите портрети беа (и би биле) направени во простори каде личностите можат да си бидат најкомотни да се она што сакаат да бидат пред објективот и пред себе. Фотографиите содржат и дел автопортрети посветени на истата тема“, објаснува Богоева и додава дека овој проект бил започнат долго пред пандемијата, но откако се случи таа промена во светот, смета дека оваа тема станала уште поважна.

„Откако моравме повеќе да се осврнеме кон себе, а помалку кон светот, мислам дека самото прашање на идентитет (родов, сексуален, професионален) стана подоминантно и живеењето во својата вистина излезе дека е од клучна важност. Во потешките периоди низ историјата, една од добрите работи што се појавуваат на социјално ниво е емпатијата за другите. Па така, се надевам дека низ овие тешки години сме развиле малку повеќе емпатија како и за оние околу нас, така и за себе и дека би се прифатиле себеси, иако може излегуваме од стандардните шаблони“, вели таа.

Од архитектура до портрет, процесот е неизбежно долг и бара сериозно истражување пред да се дојде до финалниот производ, дело, претставено пред публиката. Кој е твојот процес, како го градеше концептот за да дојдеш до конечниот избор на овие фотографии?

Процесот беше многу спонтан. Запознав неколку личности кои се занимаваа со дрег и бев исклучително инспирирана од нив и посакав да им направам портрети. На мое огромно задоволство тие прифатија и така настана проектот. Доста време седеше во фиока, додека баравме убаво место каде да го прикажеме. Првично беше прифатен на конференција за Родови студии во Грац, есента 2022 година, но од лични причини бев спречена да присуствувам таму. Сега мисијата на Европската Унија во Скопје ги погледа фотографиите и беа многу заинтересирани да ја оствариме изложбата овој месец. Во меѓувреме го надополнив опусот со уште неколку портрети и тоа е моменталната форма на изложбата. Сум сфатила дека најубаво учам нови работи преку нови луѓе, така што ги оставив овие инспиративни личности да ме научат што значи родовиот идентитет за нив.

Родовиот идентитет деновиве е деликатна тема на која се чини уметниците кај нас или внимателно ѝ пристапуваат или ја заобиколуваат. Колку уметникот е должен да го претстави и запамети времето во кое живее? Дали на овие портрети гледаш како на конечна видливост или бесконечна борба? Или можеби двете?

Должност на (добриот) уметник е да го архивира и претставува времето во кое живее и откако сфатив дека сум уметник, се водам по оваа догма. Мислам дека за ова прашање не постои конечна видливост, бидејќи како поминува времето се менува и неговата форма (што е сосема природно). Така што мислам дека овие портрети се моментална, но важна, видливост и капка во океанот на бесконечната борба.

Фотографијата е моќен и пристапен медиум. Колку сметаш дека има придонесено (и ќе придонесува) за напреднување на поимањата за родовиот идентитет и израз во светот и кај нас?

Многу. Има многу уметности кои можат да го придонесат за напредок по ова прашање, но фотографијата е доста ударен медиум кој лесно може да стигне до многу лица.

Во твоите интеракции со публиката преку социјалните медиуми зборуваш и за (авто)портретот како терапевтска алатка, како начин да го запознаеме и прифатиме најпрво сопственото тело, да бидеме понежни кон себе, а потоа и кон другите. Каков е твојот пристап со субјектите кога не станува збор за професионални модели?

Пристапот ми е секогаш ист, со извесни нијанси. Она што е најважно е личноста што ми е пред објективот да ѝ е удобно. Да знае дека има убавина во нив која неизбежно ќе ја извадам на површина, па макар и требало доста време за тоа. Јас многу уживам во тој процес, па затоа мислам дека и моите „немодели“ го чувствуваат тоа. А убавина постои во секој од нас, само многу сме затруени од социјалните стандарди за убавина за секогаш да можеме да го видиме тоа.

Велат дека уметноста ќе го спаси светот. Но, како преку уметноста најпрво да си помогнеме себе си за да му помогнеме на светот да се спаси (од самиот себе)?

Многу тешко прашање. Не верувам дека во целост го знам одговорот дури и сега. Може и никогаш нема да го знам. Она што мислам е дека секој си наоѓа по нешто што му фали низ уметноста (смирување, страст, припаѓање, новитети, инспирација) и така таа станува дел од нашиот личен спас. А ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Интервју

КАЈГАНА ЕКСКЛУЗИВА со Срѓан Драгојевиќ: Од поезија до филм и учеството на Саем на книга во Скопје

Read more

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе