Ерменија и Азербејџан повторно пред воен судир

МИА / КАЈГАНА
/ 27.09.2020 / 11:36

Ерменија го обвини Азербејџан за напад врз цивилни населби во регионот Нагорно-Карабах и го повика населението во спорниот регион да побара засолниште.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби, вклучувајќи ја и регионалната престолнина Степанакерт.

„Нашиот одговор ќе биде пропорционален и воено-политичкото раководство на Азербејџан носи целосна одговорност за ситуацијата“, се вели во соопштението на ерменското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на Азербејџан, пак, соопшти дека започнале воена операција на „контактната линија“, во голема мерка минирана ничија земја.

Министерството соопшти дека бил соборен азербејџански хеликоптер, но неговиот екипаж преживеал.

Двете поранешни советски држави веќе долго време се во конфликт поради главно етнички населениот ерменски регион Нагорно-Карабах, а граничните судири се интензивираат во последните месеци.

Министерството за надворешни работи на Ерменија ја осуди „агресијата на воено-политичкото раководство на Азербејџан“ и додаде дека ерменската страна ќе даде соодветен воен и политички одговор.

Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах прогласија независност за време на конфликт што избувна при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Оттогаш до денес постои непризната Република Арцах која го опфаќа и спорниот регион.

Иако во 1994 година беше договорено примирје, Азербејџан и Ерменија често се обвинуваат едни со други за нападите околу Нагорно-Карабах и долж одделната азербејџанско-ерменска граница.

Властите во Нагорно-Карабах воведоа воена состојба и целосна мобилизација на машкото население по ескалација во азербејџанско-ерменскиот конфликт. Тоа го нагласи во изјавата денеска претседателот на регионот Араик Арутјунјан во Степанакерт.

„Почнавме со мобилизација на сите граѓани над 18-година возраст. Објавивме воена состојба, изјави тој.

Руското МНР повика за итен прекин на огнот и преговори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе