Ерменската химна во Турција како бугарската во Скопје

Дуелот меѓу фудбалските репрезентации на Турција и Ерменија во Ескишехир мина во напријателска атмосфера поради политичките тензии меѓу двете земји, а почна уште со интонирањето на химните.

Како гостинска репрезентација прво беше интонирана химната „Մեր Հայրենիք“ (Наша татковина) на Ерменија, а турските навивачи на преполниот „Јени Ескишехир“ стадион громогласно ја исвиркаа поради што химната речиси и да не се слушаше. Само со движењата на усните на ерменските фудбалери можеше да се заклучи дека е во тек интонирањето на нивната национална химна.

URL

Ваквите сцени не се изненадувачки со оглед на добро познатите превирања во историјата меѓу двете земји. Ерменците ги обвинуваат Турците за геноцид извршен за време на Првата светска војна, а познато е дека Турција е сојузник на Азербејџан, кој е во конфликт со Ерменија за спорниот регион Нагорно-Карабах.

Инаку, натпреварот заврпи 1:1 на разочарување на домашната публика.

Исвиркувањето на националните химни на стадионите ширум Стариот континент е редовна пракса кога се среќаат држави што се во политички конфликт. Лани слична слика имаше на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје кога гостуваше репрезентацијата на Бугарија, а исвиркуватања од целиот стадион ја загушија мелодијата од бугарската химна.

Remote video URL

УЕФА редовно изрекува казни за ваквото однесување на публиката, но тие немаат ефект бидејќи се казнуваат фудбалските федерации, кои немаа влијание врз публиката.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе