Ерупцијата на Тонга испушти во атмосферата вода што може да наполни 58.000 олимписки базени

Една од најмоќните вулкански ерупции на планетата испушти толку голема количина на водена пареа во атмосферата што веројатно привремено ќе ја загрее површината на Земјата, покажуваат податоците на сателитот на НАСА.

Кога подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи еруптираше на 65 километри северно од главниот град на Тонга на 15 јануари, тој предизвика цунами, како и звучен удар што дури двапати „пројури“ низ светот.

Ерупцијата исфрли облак од водена пареа во стратосферата, регионот на атмосферата кој се наоѓа помеѓу 12 и 53 километри над површината. Испуштената количина на вода би била доволна да се наполнат 58.000 олимписки базени, пишува CNN.

Remote video URL

„Никогаш не сме виделе такво нешто“

Оваа огромна количина на водена пареа беше откриена со инструментот Microwave Limb Sounder (MLS) на сателитот Aura на НАСА. Сателитот го мери нивото на водена пареа, озон и други атмосферски гасови. Откако се случи ерупцијата, научниците беа изненадени од снимените отчитувања на водена пареа.

Тие проценуваат дека ерупцијата исфрлила 146 тераграми вода во стратосферата, или околу 10% од водата веќе присутна во стратосферата. Ова е речиси четирипати повеќе од количината на водена пареа што стигна до стратосферата по ерупцијата на Пинатубо на Филипините во 1991 година.

„Никогаш не сме виделе вакво нешто. Внимателно ги прегледавме сите мерења за да се увериме дека се сигурни“, рече атмосферскиот научник Луис Милан од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL).

Microwave Limb Sounder може да снима природни микробранови сигнали од атмосферата на Земјата и да ги детектира дури и преку густи облаци од пепел.

„MLS е единствениот инструмент кој може да го анализира облакот со водена пареа во реално време и единствениот што не бил погоден од вулканска пепел“, рече Милан.

Сателитот Aura беше лансиран во 2004 година и пред Тонга измери само две вулкански ерупции кои покренаа значителна количина на водена пареа високо во атмосферата; при што пареата од ерупциите на Касаточи во 2008 година во Алјаска и ерупциите на Калбуко во 2015 година во Чиле што се распрскала прилично брзо.

Силните вулкански ерупции обично ги намалуваат температурите на Земјата

Силните вулкански ерупции, како онаа на Кракатау во Индонезија во 1883 година, обично ја намалуваат температурата на површината на Земјата бидејќи гасот, прашината и пепелта што тие ги исфрлаат ја рефлектираат сончевата светлина во вселената. На пример, по ерупцијата на Тамбора во 1815 година, имаше „вулканска зима“, а следната година немаше вистинско лето.

Но, ерупцијата во Тонга е поинаква бидејќи водената пареа што ја испушта во атмосферата може да ја задржи топлината, што пак може да предизвика потопли температури на површината. Според научниците, вишокот на водена пареа може да остане во стратосферата неколку години.

Дополнителна водена пареа во стратосферата може да доведе и до хемиски реакции кои привремено придонесуваат за исцрпување на заштитната озонска обвивка на Земјата.

За среќа, ефектот на затоплување на водената пареа се очекува да биде привремен и мал, и да се намалува (и полека да исчезне) како што се намалува нивото на вишокот на водена пареа. Научниците веруваат дека тоа нема да биде доволно за влошување на веќе постоечките климатски промени.

Експертите сметаат дека главната причина за толку големо количество исфрлена водена пареа е длабочината на вулканскиот кратер, односно калдерата, која се наоѓа на 150 метри под површината на океанот. Да беше подлабоко, длабочината на океанот ќе ја пригушеше ерупцијата, а ако беше поплитка, количината на морската вода загреана од магмата немаше да стигне до стратосферата.

Истражувањето The Hunga Tonga-Hunga Ha'apai Hydration of the Stratosphere беше објавено во списанието Geophysical Research Letters.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе