Леталото ExoMars Trace Orbiter на Европската вселенска агенција (ESA), лансирано во 2016 година, на Земјата испрати интересни слики од површината на Марс.
ExoMars може да ја снима Црвената планета во 3D и да испрати впечатливи фотографии, меѓу нив има и снимка од површината на планетата на која се гледа разиграна структура во сина боја, која потсетува на чудно суштество со илјадници пипала.
Всушност, станува збор за техника на снимање, поточно за обоен приказ на стотина или дури и илјадници мали марсовски пијавици наречени dust devil на англиски (песочни ѓаволи), кои во одреден период се појавуваат на подрачјето Тера Сабае.
Снимката прикажува композитен приказ во кој е акцентирана сината боја, а трагите од пијавиците имаат темно-црвена боја.
На втората фотографија се гледаат уште траги од пијавици во сина боја. Пијавиците се всушност вртлози од воздух, вообичаена појава на Марс. Можат да бидат и до 50 пати пошироки и 10 пати поголеми од таквите појави кои се формираат на Земјата.