ЕСМ: Саниран е пожарот во РЕК Битола, комбинатот работи со еден блок, следната недела ќе работат два

Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините.

Како што информираат денеска од АД ЕСМ пожарот започнал на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот бил изгаснат.

– Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање, се вели во соопштението.

Од АД ЕСМ додаваат дека во случаи на пожар, од безбедносни причини проработува автоматската заштита и таа синоќа реагирала со исклучување и на Блок 1. За помалку од еден час Блок 1 бил рестартиран и вратен, и од денеска во утринските часови работи со полн капацитет.

– Со оглед на тоа што оштетувањето на трансформаторот на Блок 3 е од поголеми размери, истиот одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем. Истовремено, Блок 2 беше во редовни сервисни активности за подготовка за работа од декември, но со оглед дека има потреба од побрзо вклучување, од следната недела и Блок 2 ќе функционира со полн капацитет, велат од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека ТЕЦ Осломеј во моментот е во редовен сервис за негова подготовка за континуирано производство на електрична енергија од декември до април 2022 година, со 300 илјади тони набавен јаглен за кои постапката ќе финишира во следните неколку дена.

Останатите капацитети на АД ЕСМ, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш,  гасната електрана Енергетика - Скопје и ветерниот парк Богданци се во функција.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе