ЕУРО 2016: Лев го изостави Марко Ројс

Селекторот на актуелниот светски првак Германија, Јоаким Лев, го објави конечниот список на играчи кои ќе настапа на ЕУРО 2016, кое во Франција ќе се одржува од 10. јуни до 10. јули.

Лев пред десет дена објави список на кои имаше 27 имиња, а во вторникот од него пречкрта четири имиња.

Големо изненадување претставува одлуката на Лев од листата на патници за Франција да го изостави крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

Изоставувањето на Ројс, кој во вторникот наполни 27 години, Лев го образложи со здравствените проблеми кои ги има фудбалерот. Лекарскиот тим на репрезентацијата на Лев му ставил до знаење дека се скептици околу неговата рехабилитација, без да прецизираат за каква повреда станува збор.

Покрај Ројс, Лев им се заблагодари на фудбалерите на Баер Леверкузен Јулијан Бранд и Карим Белараби и на Себастијан Руди од Хофенхајм.

Инаку, Лев ја изненади јавноста и со повикот за Швајнштајгер, кој од март месец, поради повреда, не одигра ниту еден меч за Манчестер Јунајтед.

Германија на ЕУРО 2016 се наоѓа во Групата Ц заедно со селекциите на Украина, Полска и Северна Ирска. Првиот меч Германците ќе го одиграат на 12. јуни против Украина.

Изборот на Лев за ЕУРО 2016:

Голмани: Нојер (Баерн), Тер-Штеген (Барселона), Лено (Баер Леверкузен)

Одбрана: Мустафи (Валенсија), Емре Џан (Ливерпул), Боатенг (Баерн), Хектор (Келн), Хумелс (Борусија Д.), Ридигер (Рома), Ховедес (Шалке), Кимих (Баерн)

Среден ред: Кедира (Јувентус), Крис (Реал), Озил (Арсенал), Швајнштајгер (Баерн), Геце (Баерн), Ширле (Волфсбург), Дракслер (Волфсбург), Сане (Шалке), Вајг (Борусија Д.)

Напад: Милер (Баерн), Гомез (Бешикташ), Подолски (Галатасарај).

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе