Еврокомесарот Бретон: Не се сомневам во Спутник V бидејќи Русите се добри научници

Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тјери Бретон, вели дека воопшто не се сомнева во ефикасноста на Спутник V со оглед на тоа што руските научници се одлични.

ЕМА сѐ уште не ја одобрува употребата на руската вакцина во ЕУ, па поради тоа Бретон беше прашан за негово мислење за Спутник V.

„Се разбира дека Спутник е веројатно добра вакцина бидејќи верувам дека Русите се навистина добри научници. А, се разбира, немам ниту една причина да се сомневам во тоа“, рече тој.

Додаде и дека се надева дека наскоро четирите одобрени вакцини во ЕУ ќе пораснат на пет, токму со Спутник V.

„За Европа е важно да има на располагање различни врсти на вакцини за да може да го заврши процесот на имунизација до крајот на летото“, смета Бретон.

Проблемите за ЕУ настанаа кога британско-шведската компанија AstraZeneca ја намали доставата на вакцини од 90 милиони дози во првиот квартал од 2021 на 40 милиони, а потоа и на 30, правдајќи се на проблеми со производството. Тоа значително ја намали брзината на вакцинација на Стариот континент.

Од земјите-членки на ЕУ досега Спутник ја употребуваат само Унгарија и Словачка, Италија веќе нарача дози, додека истото најави дека ќе го стори и Грција. Од останатите европски земји, руската вакцина е во употреба во Белорусија, Босна и Херцеговина, Сан Марино, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Освен вакцината на AstraZeneca, со која во последно време многу земји ја стопираа вакцинацијата, ЕМА ги има одобрено и вакцините на Pfizer/BioNTech, Moderna и Janssen (европската филијала на Johnson & Johnson).

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе