Европа му кажа „не“ на Бајден

Земјите-членки на ЕУ се цврсто против Законот за намалување на инфлацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Министрите за финансии од 27-члената ЕУ разговараа за сеопфатниот американски нацрт-закон, кој американските законодавци го одобрија во август и кој вклучува рекордни 369 милијарди долари трошоци за климатските и енергетските политики.

Отпорот од европските претставници дојде откако Европската комисија соопшти дека има „сериозна загриженост“ за дизајнот на финансиски стимулации во американскиот пакет мерки, пишува CNBC.

„Секој министер (во ЕУ) се согласува дека ова е прашање за загриженост на европско ниво и дека треба да се разгледа кој би бил најдобриот одговор“, официјален претставник на ЕУ, кој ја следеше дискусијата на европските министри, но сакаше да остане анонимни поради сензитивната природа на прашањето.

Тој додаде дека „постои политички консензус (меѓу 27 министри) дека американскиот план ја загрозува европската индустрија“.

Брисел наведе најмалку девет точки во американскиот закон за дефлација кои потенцијално би можеле да бидат во спротивност со меѓународните трговски правила. Една од најголемите пречки за Европејците се американските даночни олеснувања за електричните автомобили произведени во Северна Америка. Тоа може да создаде проблем за европските производители на автомобили кои се фокусираат на електрични возила, како што е Volkswagen.

„Она што на крајот го бараме е ЕУ, како близок сојузник на САД, да има статус сличен на оној на Мексико и Канада“, рече Валдис Домбровскис, европски комесар за трговија, на прес-конференција во вторникот.

Слична загриженост изразија и јужнокорејските официјални лица, имајќи предвид дека сетот американски мерки може да го ограничи работењето на Hyundai и другите компании во Америка.

Друг претставник на ЕУ, кој исто така ја следеше дискусијата на министрите во Брисел, рече дека францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер им рекол на колегите дека не бара остра негативна одлука против американските пријатели, туку дека сака ова да биде „аларм за будење“ до европските колеги кои треба да ги заштитат интересите на домашните компании.

„Мораме да бидеме многу јасни, многу обединети и многу одлучни уште од самиот почеток во објаснувањето на нашите американски партнери дека она што е загрозено со Законот за дефлација е зачувување на еднакви услови за игра меѓу Соединетите држави и Европа“, рече Ле Мер за CNBC.

Тој додаде дека „еднаквите услови се јадрото на трговските односи меѓу двата континенти и не сакаме да видиме каква било одлука што може да ги наруши еднаквите услови“, нагласи тој.

Француските власти долго време се залагаат за стратешка независност - дека ЕУ треба да биде понезависна од Кина и САД, на пример, со поддршка на сопствената индустрија.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец изјави дека ЕУ треба да го разгледа законот „Да купуваме европско“ за да ги заштити домашните производители на автомобили.

„Потребен ни е закон ‘Да купуваме Европско’, како што имаат Американците, ние треба да резервираме субвенции за нашите европски производители“, рече Макрон во интервју за телевизијата France 2, додавајќи: „Ја имате Кина која ја штити нејзината индустрија, САД кои ја штитат својата индустријата и Европа, која е отворена куќа“.

Работната група од европски и американски официјални претставници, која го одржа својот прв состанок на оваа тема минатата недела, сега ќе се состанува неделно за да разговара за тоа како да се одговори на европската загриженост во врска со американскиот Закон за антиинфлација.

Фредрик Ериксон, директор на Европскиот центар за меѓународна економска политика, изјави за CNBC дека „јасно е дека ЕУ има легитимна загриженост за антиинфлацискиот акт и директната и индиректната дискриминација во него“.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Свет

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Read more

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Читај повеќе

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно

Читај повеќе
  • play_arrow

Се запали Boeing 737 полн со патници

Читај повеќе

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Читај повеќе

Објавен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Читај повеќе

Тренчевска се повлече од партиската функција: Нека настапат нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери

Читај повеќе

Зошто 9 мај се слави како Ден на Европа?

Читај повеќе