Денеска, 9 мај, во цела Европска Унија се одбележува Денот на Европа, со што се означува почетокот на ЕУ каква што ја знаеме.

Иако многумина ќе го поврзат датумот 9 мај со денот на победата над фашизмот, ова е сосема поинаков празник кој нема никаква врска со Втората светска војна.
Датумот 9 мај за Европа, поточно за Европската Унија е значаен поради говорот на Роберт Шуман на овој датум во 1950 година. Тогашниот француски министер за надворешни работи најави формирање на Европската заедница за челик и јаглен, претходник на денешната Европска Унија.
Таканаречената Шуманова декларација се смета за почеток на ЕУ, најуспешната наднационална организација во светот. Тогаш во заедницата за челик и јаглен учествуваа само Западна Германија и Франција, а 74 години подоцна ЕУ има 27 членки, со уште неколку земји, меѓу кои и Македонија, кои сакаат да станат членки.
По Европската заедница за челик и јаглен, Европската економска заедница беше создадена во 1958 година. Таа беше преименувана во Европска заедница во 1967 година, а денешната Европска Унија беше создадена со Договорот од Мастрихт, кој беше потпишан во 1992 година и стапи на сила во 1993 година.