Европска доминација во НБА: Јанис е новиот МВП, Лука прогласен за Руки на годината

Конечно, скоро три месеци откако заврши регуларната сезона, НБА лигата ги прогласи добитниците на индивидуалните награди. Најдобрите играчи во лигата беа собрани на едно место, за да дознаат кој ќе си замине со МВП трофејот, кој ќе биде Руки на годината, кој дефанзивен играч ќе биде прогласен за најдобар итн...

Водител на шоуто беше легендарниот Шекил О’Нил, а помеѓу презентерите на наградите беа легенди како Лери Брд и Меџик Џонсон.

Помеѓу тешка конкуренција од Џејмс Харден (Хјустон Рокетс) и Пол Џорџ (Оклахома Сити Тандер), најважната индивидуална награда му припадна на Јанис Антетокунмпо (Милвоки Бакс). Тој е новиот МВП на лигата, откако во регуларната сезона го предводеше неговиот тим до најдобар скор во лигата и притоа имаше просек од 27,7 поени, 12,5 скока и 5,9 асистенции, а притоа шутираше неверојатни 57,8% од поле.

Во категоријата Руки на годината (играч кој ја игра првата сезона во НБА), сосем очекувано доминираше Лука Дончиќ, кој на крајот од вечерта си замина со наградата во раце. Младиот Словенец ја заврши сезоната со просек од 21,2 поени, 7,8 скока и 6 асистенции, со што стави крај на една импресивна сезона, посебно ако се земе предвид дека тој има само 19 години и ова му беше дебитантска сезона во најсилната лига во светот.

Наградата за најдобар Шести играч замина кај многу познат лик – Лу Вилијамс, за кого ова е втора последователна ваква награда, а трета вкупно во кариерата. За Најдобар дефанзивен играч беше прогласен Руди Гоберт, исто така вторпат во две години, а овогодинешниот шампион Паскал Сијакам беше награден со трофејот за Играч кој најмногу напредувал.

Двете најважни награди наменети за членовите на стручниот штаб им припаднаа на оперативци од Милвоки Бакс: за Најдобар тренер беше прогласен Мајк Баденхолцер, додека за најдобар член на извршниот штаб беше прогласен Џон Хорст, генералниот менаџер на Бакс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе