Европски филмски предизвик до 17 мај

Од 8 март до 17 мај филмофилите може да учествуваат на Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) и тие што ќе имаат најмногу освоени поени ќе отпатуваат на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал 2021, доколку не биде откажан поради пандемијата и ако нема рестрикции за патувања.

Европскиот филмски предизвик е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Предизвикот бара од учесниците во период од 10 недели да изгледат 10 европски филмови на репертоарот во киносалите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видеостриминг-платформи.

Заинтересираните може да се вклучат во предизвикот со регистрација на EuropeanFilmChallenge, а исто така постојано да ги следат социјалните медиуми Facebook и Instagram и во неделите кои следуваат да гледаат многу нови и стари европски филмски остварувања, препораки, содржина од зад камерите и игри.

Секој внесен филм на платформата на учесникот во предизвикот му носи различни поени. Своето искуство, учесниците треба да го споделат со фотографија од својот билет или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото.

Фотографиите треба да ги споделат на социјалните мрежи под хаштагот #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат потенцијални победници на овој предизвик. На крајот учесникот со најголем број поени ќе добие можност да ја доживее еуфоријата на филмскиот фестивал во Кан. Доколку фестивалот биде откажан поради ситуацијата со COVID-19 или ако постојат рестрикции за патување, победникот ќе добие пакет Home cinema experience.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали во Берлин, Кан и Венеција.

Во нашата земја проектот го спроведува Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ заедно со европски партнери во девет држави, со поддршка од програмата на ЕУ МЕДИА - Креативна Европа и Европската филмска индустрија.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе