Европските производители на оружје шокирани, бараат помош од ЕУ

Европските производители на оружје побараа помош од Европската Унија за приспособување на производствениот капацитет во „мирнодопски услови“ на ненадејниот скок на побарувачката, истакнувајќи го проблемот со недостигот на работна сила. Велат дека се шокирани од развојот на ситуацијата.

Вооружената индустрија всушност очекуваше земјите од ЕУ да трошат помалку, а не повеќе, за одбрана по една деценија мир во Европа, изјавија во вторникот шефовите на производителите на оружје на состанокот пред собирот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека отвориле дијалог со индустријата и сојузниците за зголемување на производството и надополнување на залихите, пренесе Ројтерс.

Министрите за одбрана ќе донесат одлуки за зголемување на залихите, најави Столтенберг на прес-конференција, додавајќи дека нивното намалување за поддршка на Украина е вистинскиот потег.

НАТО најави зголемување на залихите

Но, сега производството мора да се зголеми за да можат сојузниците да ги обезбедат сопствените капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина на „долгорочен план“, нагласи генералниот секретар на НАТО. Тој, исто така, очекува дека министрите на НАТО ќе усвојат поамбициозни цели кои ќе ја обезбедат долгорочната побарувачка на индустријата и со тоа ќе ги исполнат нејзините услови за долгорочни инвестиции. Ќе размислат и за заеднички набавки, додаде Столтенберг.

Извршниот директор на францускиот производител на оружје Nexter, Николас Шамуси, објаснува дека индустријата морала да одговори на драматичниот скок на побарувачката за воена опрема во ЕУ, а нејзиниот производствен капацитет е дизајниран за мирно време.

Тој им порача на водачите на ЕУ да избегнуваат „повторено фрагментирање на национално ниво“ во трескавична средина диктирана од војна и секоја земја да ги следи своите цели. 

„Напротив, овој предизвик мора да се реши на европско ниво“, смета шефот на францускиот производител на оружје, повикувајќи на зајакнување на воените капацитети преку подобра, поефикасна соработка.

Nexter дизајнира и произведува воени возила за француските и меѓународните вооружени сили. Тој е дел од француско-германската KNDS, која е 50 отсто во сопственост на француската држава и 50 отсто во сопственост на семејството Вегман-Груп.

Има недостиг од работници

И директорите на производителите на оружје порачаа дека итно им требаат повеќе работници. Шамуси ја повика ЕУ да помогне во изградбата на „резервоар на труд“, сугерирајќи вработување на работници кои се пензионирале предвремено и ангажирање експерти од други компании.

ЕУ купи опрема за украинската армија, вклучително и смртоносно оружје, кое, според Унијата, треба да се користи за одбранбени цели.

Минатиот петок лидерите на ЕУ одлучија да ја зголемат финансиската и воената помош за Украина. Еврокомесарот за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека овој месец ќе се разговара за конкретни предлози, потсетува Reuters.

„За нас, непосредната последица (од руската инвазија на Украина) е барање да вложиме повеќе напор, да работиме побрзо, да испорачаме со побрзо темпо и веднаш“, рече шефот на европскиот производител на ракети МБДА Ерик Берангер. Компанијата е во сопственост на Airbus, BAE Systems и Leonardo.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе