Евтини намирници кои се спас од чадот од цигари

Иако скоро секој втор човек во светот консумира производи од тутун, дури и на најстрасните пушачи им пречи непријатниот мирис на тутун.

Чадот од тутун нѐ придружува во текот на денот, освен во устата, непријатниот мирис може да се задржи и на косата и облеката, а во домот може да се вовлече во мебелот, теписите, завесите и речиси сите други предмети од разни материјали.

Дури и електронските цигари може да имаат непријатен мирис, иако сами можете да ги одберете вкусовите, па ви претставуваме неколку трикови со кои сигурно ќе се ослободите од непријатниот мирис на тутун.

Парфемирајте ја сијалицата

Пред да ја поставите сијалицата, додека е сѐ уште ладна, ставете ѝ неколку капки од вашиот омилен парфем и поставете ја во просторијата каде што се пуши. Кога сијалицата ќе се загрее, ќе почне поинтензивно да испушта мириси на парфем, и на тој начин барем делумно ќе ги убие непријатните мириси од собата.

Јаглен или оцет

Ставете вински оцет или неколку парчиња јаглен во неколку помали чинии и оставете ги на невидливи места низ просторијата каде што се пуши. Оцетот и јагленот ги неутрализираат сите непријатни мириси од собата, а не само чадот од тутунот.

Оваа комбинација можете да ја оставите и во рерна по печење риба или друга храна која има поинтензивен мирис, по половина час ќе видите значајна разлика во интензитетот на непријатниот мирис.

Вреќички за гардероба

Во случај да почувствувате дека вашите ракавици, капи или шалови апсорбирале мирис на цигари, а планирате да ги носите наредниот ден, оставете ги на отворено еден час за да се проветрат, а потоа ставете ги во пластична кеса заедно со природни мирисни вреќички за гардероба, на пример со мирис на лаванда.

Песок за мачки

Ставете неколку зрна песок за мачки во пепелникот. Сигурно ќе ги отстрани непријатните мириси од пепелникот, што подразбира дека непријатните мириси од собата ќе бидат многу помали. Песокта за мачки е силно средство за отстранување на непријатните мириси, замислете колку е јака штом може да го неутрализира мирисот од изметот на животните, за неа цигарите се „мачкина кашлица“.

Пешкир и оцет

Прво проветрете ја просторијата, а потоа навлажнете пешкир или крпа со оцет, потоа 1-2 минути мавтајте го низ собата. Мирисот на цигари би требало целосно да исчезне.

Омекнувач за перење алишта

Можете да попрскате мебел, перници и теписи со омекнувач, што малку ќе го разредете со топла вода. Овој начин на „чистење“ може да биде засладувачки, бидејќи за само неколку секунди добивате совршено миризлив мебел, затоа бидете внимателни.

Со постојаното прскање милизливи спрејови можете да го натопите мебелот дури и без да бидете свесни дека не е доволно исушен од последното прскање, што само дополнително може да создаде непријатен мирис на мувла на веќе упорниот мирис на чад од тутун, и со тоа да создадете уште поголем проблем за себе.

Во борбата против чадот може да ви помогнат и свеќите. Делуваат како фаќач на чад од тутун, бидејќи пламенот го брка чадот и на тој начин го оттргнува од вашата близина. Свеќите не се средство за отстранување на непријатните мириси, но можат да послужи како еден вид помош и превенција.

реклама

Живот

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Read more

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Read more

Родителска дилема: Дали сте подготвени за второ дете?

Read more

Меркур во Овен: Животен пресврт за 3 хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Три знаци дека ви недостасуваат влакна во исхраната

Читај повеќе
  • filter

Како да комбинирате обувки со леопард дезен како модна икона?

Читај повеќе

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Читај повеќе

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Читај повеќе

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Читај повеќе

Зошто треба да го почнете денот со шолја какао?

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете секој ден за да го намалите холестеролот

Читај повеќе