Интернет

Facebook отстрани 2,2 милијарди лажни профили

24. мај 2019 - 13:31 | Б.С.Б.

Во првите три месеци од 2019 година Facebook затвори 2,2 милијарди лажни профили, што претставува нов рекорд за компанијата.

Бројката е само малку помала од 2,38 милијарди вистински активни корисници на Facebook. За споредба, Facebook затвори 1,2 милијарди лажни профили во претходниот квартал и 694 милиони лажни профили помеѓу октомври и ноември, 2017 година, пренесува CNN.

Facebook за рекордните податоци соопшти во рамки на редовниот извештај што наскоро ќе биде презентиран  четирипати годишно, наместо двапати.

Во извештајот стои дека Facebook детектира од 11 до 14 проблематични фотографии од 10.000, а најмногу се нарушуваат правилата за сексуална содржина. Од компанијата додаваат дека е подобрена и борбата против говорот на омраза. Се наведува дека 65,4 проценти од случаите ги отстрануваат самите работници уште пред содржината да биде пријавена.

Коментирај