Фали ме усто, да не те искинам – Ибра верзија

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш зборуваше за себе како да е од друга планета.

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не планира да ја заврши својата играчка кариера иако „зачекори“ во петтата деценија од животот.

Моментално е повреден и навива за Милан од трибините и патем ги „малтретира“ своите помлади соиграчи, а кога му недостасува фудбалот - тогаш се појавува интервју во кое крева бура.

URL

Така, во интервју за францускиот телевизиски канал Canal Plus, Ибрахимовиќ даде еден одговор кој беше доволен за да го има на насловните страници низ Европа.

Од него беше побарано да каже како се чувствува по заминувањето од Париз, каде што не играл од 2016 година и да каже дали му недостига градот... Не размислувал долго пред да „испука“ вирален одговор.

„Откако ја напуштив Франција, немате за што да разговарате... Не ми треба Франција, но јас ѝ требам на Франција. Дури и сега кога имате тројца големи играчи во Пари Сен Жермен како Нејмар, Мбапе и Меси, тоа не помага веќе го немате Бог на теренот“, рече Златан Ибрахимовиќ и со тоа уште еднаш ја продлабочи приказната дека е голем егоист.

„Не размислувам за пензија, мислам дека не е близу крајот. Сè додека можам да постигнам резултати, сакам да играм. Во моментот кога ќе се пензионирам, сакам сите околу мене да бидат искрени и да ми кажат дека веќе не можам да помогнам.Тогаш ќе бидам реален...“.

URL

Златан Ибрахимовиќ ја започна својата кариера во 1999 година во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Л.А. Галакси и Милан повторно. Во кариерата на клупски план постигна 510 гола. За шведската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна уште 62 гола.

реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе