ФБИ критикувани за масакрот во Флорида: Имале дојава и не реагирале

Расте притисокот врз Федералното биро за истрага на САД бидејќи службата не реагирала на дојава дека осомничениот за масакрот во улилиштето во Флорида можеби ќе изведе напад.

Гувернерот на Флорида Рик Скот побара оставка од директорот на ФБИ, а јавниот обвинител Џеф Сешнс нареди да се спроведе внатрешна истрага изразувајќи жалење за „потфрлањето“ на службата.

Дел од блиските на 17-те жртви во вооружениот напад што се случи во средата исто така изразија неверување за начинот на кој постапи ФБИ.

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера се сретна со преживеаните од нападот во Паркленд.

Трамп и првата дама Меланија Трамп ги посетија болницата и локалната полициска станица каде им се заблагодарија на вработените за нивната брза реакција на трагедијата.

Николас Круз (19) призна дека е одговорен за нападот во средното училиште „Марџори Стонмен Даглас“ во Паркленд, Флорида и се товари по 17 обвиненија за убиство.

Ова беше најкрвавиот напад во училиште од 2012 година и инцидентот ги разгоре дебатите околу контролата на оружје во земјата.

Што беше повод за критиките против ФБИ?

ФБИ призна дека не реагирало соодветно на предупредување што го добило за напаѓачот Круз.

На 5 јануари годинава, лице блиско до осомничениот се јавило на линијата за дојава на ФБИ и дало „информација дека Круз поседува оружје, желба да убива луѓе, се однесува неконтролирано и објавува вознемирувачки содржини на социјалните мрежи, како и дека има потенцијал да изврши пукање во училиште“, стои во соопштението на ФБИ.

Од службата велат дека таа информација требало да биде процесирана како потенцијална закана по живот и пренесена на коанцеларијата во Мајами, Флорида, но „заклучивме дека овој протокол не бил проследен.“

Директорот на ФБИ Кристофер Реј рече дека Бирото „уште ги истражува фактите“ и е посветено на „решавање на ситуацијата“.

„Разговаравме со преживеаните и семејствата на жртвите и длабоко жалиме што доживеаја дополнителна болка во оваа ужасна трагедија“, додаде тој.

Ова не била првата информација што ФБИ ја добиле за Николас Круз.

Во септември, 2017 година маж од Мисисипи пријавил во ФБИ дека на видео на каналот YouTube, корисник под името „николас круз“ оставил коментар: „Ќе бидам професионален вооружен напаѓач на улилишта“.

Бен Бенајт рече дека зборувал со претставници на ФБИ околу 20 минути и дека повторно го контактирале после нападот во Паркленд.

ФБИ завчера рекоа дека тогаш направиле „проверки“, но дека не успеале да го идентификуваат лицето што го напишало коментарот.

Исто така, се поставува прашањето зошто локалната полиција не реагирала на изразената загриженост во врска со Николас Круз.

Шерифот на Бровард Каунти Скот Израел рече дека примиле 20 повици во врска со него.

Секој од тие повици ќе бидат детално анализирани, рече тој, но не додаде каква била содржината на тие повици.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе