Фејл на годината: Она кога одговорот ти е пред очи
Учесник во популарниот шпански ТВ-квиз „Ahora Caigo“ стана толку популарен со неговиот фејл што за него знаат и луѓе кои не следат квизови.
На прашањето „Што е Стив Роџерс во филмот ‘The Avengers’?“ тој има три можни опции: „Доктор“, “Господин“ и „Капетан“.
Покрај фактот дека прашањето е прелесно, а опциите очигледни, во ситуацијата има уште еден страшно очигледен момент: дечкото носи маичка со „Капетан Америка“ и дава погрешен одговор.
„Ги носиме овие маички, а не знаеме што носиме“, искоментира водителот на квизот.
Дечкото привлече внимание на социјалните мрежи, не само поради погрешниот одговор туку и со запросувањето на девојката која го гледала квизот дома.