Фернандеш до Ристовски: Заслужи да бидеш капитен

Играчот на Манчестер Јунајтед упати пофалби и честитки до нашиот Стефан Ристовски кој доби чест да биде капитен на Спортинг.

Ристовски и Фернандеш додека настапуваа заедно

Бруну Фернандеш и Ристовски играа заедно за лисабонски Спортинг додека пеналџијата не се пресели на Островот во јануари, а двајцата истото лето 2017 дојдоа во клубот и оттогаш се пријатели.

Во неделата Спортинг играше пријателски натпревар со Беленесеш на кој по почетниот состав не беше капитенот Себастијан Коатес, па лентата ја доби нашиот Стефан. Спортинг победи со 3:1, а Уругваецот влезе во второто полувреме.

Фернандеш знае колку му значеше на Ристовски таа чест, па по тој повод му посвети стори на Instagram.

„Знам колку си горд и возбуден за шансата да бидеш капитен на клубот кој толку многу го сакаш! Никогаш не сум видел странец толку да ја почитува и да биде посветен на нашата земја и клубот кој го застрапува! Го заслужи ова и заслужуваш уште повеќе“, напиша Фернандеш.

Ристовски исто така посвети неколку зборови на Instagram: „Благодарам за капитенската лента!!! Чест ми е. Доаѓам од мала земја... многу млади, деца, сонуваат да играат за ваков клуб... за мене денес беше голем ден и огромна гордост да ја носам капитенската лента и да го претставувам Спортинг“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе