ФФМ: Стомачен вирус причина за отсуството на неколкумина фудбалери

Скопје, 13 октомври 2018 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав го одработи вчерашниот тренинг во пресрет на дуелот со Лихтенштајн. Иако првично се појавија шпекулации дека неколкумина репрезентативци добиле труење од храна, ФФМ преку официјалниот сајт излезе со информација дека се работи за стомачен вирус.

Досегашните испитувања и добиените резултати од клиничката болница „Систина“, а поврзано со стомачните тегоби на кои се жалеа неколкумина фудбалери од А репрезентацијата на Македонија, покажуваат дека се работи за стомачен вирус, соопшти Фудбалската федерација на Македонија.

Испитувањата даваат слика дека објективната причина за состојбата на дел од фудбалерите во националниот тим не е труење со храна. Дополнително се преземени сите неопходни мерки од епидемиолошки аспект за целосно утврдување на причината за настанатата состојба, стои во информацијата на ФФМ.

Лекарскиот тим во репрезентацијата постојано ја следи состојбата на сите вклучени во националниот тим и ги презема неопходните активности. 

Македонија вечер од 20:45 часот во Скопје е домаќин на Лихтенштајн во 3.коло од Лигата на нации.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе