До крајот на оваа деценија Fiat ќе произведува само електрични модели на автомобили, потврди извршниот директор Оливије Франсоа.
„Ова е нашиот најголем проект. Помеѓу 2025 и 2030 година нашата линија на производи ќе биде само електрична. Ова ќе биде радикална промена за Fiat“, наведе Франсоа во соопштението.
Пред помалку од година дена, Fiat го претстави новиот, потполно електричниот модел 500е.
„Нашата должност е да имаме понуда на електрични автомобили кои не се поскапи од оние со мотор со внатрешно согорување“, изјави тој.