Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба изјави синоќа дека премиерот Роберт Фицо моментално е надвор од животна опасност и верува дека ќе го преживее обидот за атентат.

„Колку што знам, операцијата помина добро и претпоставувам дека на крајот ќе преживее. Во моментов е надвор од животна опасност“, изјави Тараба за BBC. Фицо бил опериран повеќе од три часа во болницата во Банска Бистрица.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

Министерката за внатрешни работи рече дека нападот е политички мотивиран и ги обвини медиумите, новинарите и социјалните мрежи дека шират омраза што довела до атентатот.

Атентаторот е словачки писател, кажа зошто пукал во Фицо

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицо е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.

Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели. Објавена е снимка од сослушувањето на Цинтула, кој рече дека пукал во Фицо затоа што не се согласува со политиката на владата.

Реагираа многу европски и светски политичари

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.

URL

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел остро го осудија нападот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Ваквите насилни дејствија немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најголемо општо добро“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

„Ништо и никогаш не може да оправда насилство или такви напади. Шокиран сум од веста за нападите врз словачкиот премиер по состанокот на неговиот кабинет во Хандлова“, изјави Шарл Мишел.

„Веста за кукавичкиот обид за атентат на словачкиот премиер Фицо длабоко ме шокира. На насилството не смее да има место во европската политика“, објави Шолц на социјалната платформа Х.

Чешкиот премиер Петр Фиала ја нарече шокантна веста дека словачкиот премиер е погоден, нагласувајќи дека насилството не може да се толерира. „Веста за нападот на словачкиот премиер Роберт Фицо е шокантна. Посакувам премиерот да закрепне што е можно побрзо. Насилството не смее да се толерира, тоа не смее да има место во општеството“, напиша Фиала.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на платформата Х напиша дека е длабоко шокиран од нападот врз неговиот пријател. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот врз Фицо и му посака брзо закрепнување. Словенечкиот премиер Роберт Голоб остро го осуди нападот врз неговиот словачки колега Роберт Фицо, кој беше ранет во престрелката. Голоб на социјалната мрежа X му посака брзо закрепнување на словачкиот премиер.

Џо Бајден е последниот светски лидер кој го осуди нападот врз Роберт Фицо. Во изјавата, американскиот претседател рече дека е „вознемирен“ од нападот и дека тој и неговата сопруга Џил се молат за брзо закрепнување.

„Социјалните мрежи и новинарите го поттикнаа атентатот“

Министрите на словачката влада одржаа прес-конференција за нападот врз Фицо.

Министерот за одбрана Роберт Калинак вели дека состојбата на Фицо е „многу сериозна“ и дека премиерот претрпел „сериозна траума“ откако биле испукани „неколку истрели“, пишува Sky News.

„Неговата состојба е навистина сериозна, оваа ситуација е лоша“, рече Калинак и им се заблагодари на итните работници кои му помогнаа на Фицо.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток на конференцијата рече дека прелиминарните информации „јасно“ укажуваат на политичка мотивација.

„Фицо беше застрелан пет пати“, рече министерот Шутај-Ешток, кој ги обвини социјалните мрежи за атентатот. Тој ги повика новинарите и политичарите да престанат да шират омраза на социјалните мрежи.

Тагови
реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Свет

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Read more

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Read more

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе