ФИФА ранг листа: Голем скок на Македонија

Фудбалската репрезентација направи неколку големи нагоре на новата светска ранг-листа која ФИФА ја објави денеска.

Победата во Хаифа над Израел (0:1) и нерешениот резултат во Струмица против Албанија (1:1) во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство во Русија, на Македонија ѝ донесоа скок од 32 места на најновата листа на ФИФА.

Македонија во моментов се наоѓа на 103. место на ФИФА листата. Поголем скок од Македонија забележа само Луксембург, за 35 места, благодарение на нерешениот резултат против Франција.

Од противниците во квалификациската група послаб рејтинг од Македонија има само Лихтенштајн, кој е на 187. место, а сите други, со исклучок на Шпанија, која се задржа на 11. место, иако се подобро пласирани од македонската репрезентација назадуваа на ФИФА листата.

Италија забележа пад од пет места и се наоѓа на 17.место, Албанија е на 66. позиција, а на претходното рангирање беше 63., додека Израел „падна“ за 12 позиции и сега е на 82. место.

На најновата листа промени има и на врвот, каде првите четири редоследно ги заменија местата. Германија е број 1, пред Бразил, трета е Португалија која ја мина Аргентина. Зад четвртопласираната Аргентина е Белгија која напредува за четири места.

Во Топ 10 уште се и Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе