Филипче: 10 нови случаи, ќе препорачаме олабавување на мерките во три фази

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче извести за најновата состојба со COVID-19 во земјава.

Во изминатите 24 часа има 5 оздравени пациенти, тие се од Скопје и Неготино. Потврдени се 10 нови случаи и тоа Скопје 6, Куманово 2, Прилеп  Велес по 1.

На Инфективна клиника има еден починат, пациент на 60 години од Делчево со пропратни малигни болести. Со ова, вкупната бројка на регистрирани заболени изнесува 1.674, од кои оздравени се 1.205 и починати 92. Има 377 активни случаи.

На Инфективната клиника примени се 3 нови пациенти, а вкупно 42 хоспитализирани. Во „8 Септември“ има 12 нови пациенти, вкупно 25, а на другите клиники низ земјата вкупно 64.

Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања.

Филипче нагласи дека ги отфрла шпекулациите за тенденциозно намалување на тестирањата и дека е намалена бројката на тестови бидејќи нема доволен број на пациенти со симпоми и индикација за тестирање. Исто така рече дека мал процент од капацитетите преку Мој термин се пополнети.

Понатаму министерот рече дека од утре почнува скринингот со вработените во градинките, чиј број се проценува на околу 2.000 луѓе, за да може да се стават во функција овие институции.

Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се  идентификуваат асимптоматските носители значи луѓе кои се заразени, а не се свесни заради тоа што немаат симптоми.

„Сметаме дека е ова најдобриот пристап заради тоа што и на тие несвени носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во излолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг. Сметаме дека во оваа фаза анализа на антителата нема да даде резулати коишто може да ни влијаат да носиме ненакви одлуки  и политики за некакви мерки. Тоа би дошло предвид подоцна во текот на летото кога веќе ќе имаме повеќе месеци изминати од епидемијата и кога е можно да се очекува поголем број граѓани да ги имаат антителата односно да се носители на имунитетот“, појасни министерот за здравство.

Тој додаде дека ги следат анализите од повеќе земји и оти нема голем процент на граѓани кои што стекнале веќе имунитет. Дополнително на тоа, вели, самиот тип на антитела кои што остануваат по инфекцијата не е сигурно дали се вистински имунитет или не, заради тоа што има случаи во светот веќе објавени на повторно заболување откако пациентот еднаш веќе прележал COVID-19.

Според планот со скрингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи. 

Министерот кажа дека бројот на оздравени секојдневно расте и сега имаме 1.205 вкупно оздравени или 72% од сите дијагностицирани досега. Во моментов има 377 активни случаи или 22,5% од вкупниот број.

Филипче нагласи дека расте бројот на оздравени здравствени работници и сега изнесува 217, со што се вратени во функција сите институции каде имало заболени здравствени работници.

За 14 дена, инциденцата на заразени на 100.000 жители е 30,8 што значи дека бележи пад, рече Филипче.

Понатаму министерот извести дека по денешниот состанок со Комисијата за заразни болести, донесена е одлука да се поднесе предлог-план за намалување на рестриктивните мерки и тоа во неколку фази.

Филипче рече дека состојбата е стабилна и ќе се достави предлогот за олабавување на рестриктивните мерки што ќе подразбира отворање на центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.

Сите овие дејности ќе бидат отворени само со строго почитување на мерките за заштита.

„Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе критериуми кои предвид ги зема и СЗО. Три од нив се клучни – прво дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем е во состојба да се справи и да ги изменаџира и бројот на пациенти сега, но и дали може да се справи со повторно појавување голем број случаи и дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да индентификува евентуално појава на нови случаи. Сите овие критериумис е исполнети. Состојбата во земјата е оцената како стабилна“, рече Филипче.

После следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори, потенцира министерот, следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови, и повторно после епидемиолошката анализа и следење на состојбата следната недела после таа, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објети и базени, работа на теретани фитнис клбови и хотелски објекти. 

„Сакам да ве уверам дека може да бидете спокојни. Сите мерки се носеа врз основа на стручни медицински анализи и тие дадоа резултат. И препораките за олабавување на мерките се темелат на истите препораки и анализи“, нагласи Филипче.

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе