Филипче до граѓаните: Состојбата е критична, почитувајте ги мерките

Министерот за здравство Венко Филипче преку видео се обрати до граѓаните, истакнувајќи дека состојбата со COVID-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети.

„Пред нас е веројатно најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека сите ние жртвуваме нешто во нашите животи оваа година.

„За некои од нас жртвата значеше помалку финансии, загубена работа, неможност да се видиме со нашите блиски. За други тоа значеше месеци и месеци непрекината работа без одмор. За трети пак таа жртва значеше загубено здравје или загубен живот. Колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата. Секој за себе ќе реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирањето, држењето дистанца, или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност.“

Филипче порачува дека изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас.

„Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со сѐ друго“, посочи Филипче во обраќањето до граѓаните.

 

Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци

Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку - само да го штитите сопственото здравје. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци.

Posted by Венко Филипче on Sunday, November 8, 2020

Тој претходно преку Facebook апелираше славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и  да нема групирања по домовите  за да се спречи натамошно ширење на заразата со COVID-19.

Бројот на активни случаи на COVID-19 во државава достигна 14.661, откако вчера беа регистрирани уште 1.285. Ширум клиниките и болниците до синоќа беа хоспитализирани над 900 лица. Поради сѐ поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и интерните клиники на Клиничкиот центар. На Клиниката за пулмологија и алергологија на располагање се 150 болнички кревети за лекување пациенти заразени со коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата се дијагностицирани 38.782 ковид случаи, бројката на оздравени пациенти е 23.011, а на починати е 1.110.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе