Филипче: Пикот на коронавирусот во државава на крајот на април

Пикот на коронавирусот во државава го очекуваме за еден месец, на крајот на април. Тоа се проценките на епидемиолозите согласно типот на раст на број на пациенти, но и согласно мерките што беа воведени во изминатиот период, пред сè во рестрикциите на движење, во ограничувањето на социјалните контакти, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.

– Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. 

Се зголемува бројот на тестираните на дневна основа, бројката на дијагностицираните останува приближно иста

Добро е што бројката на дијагностицирани пациенти останува иста без разлика на тоа што од почетокот досега бројот на тестови се зголемува, порача министерот за здравство Венко Филипче.

– Имаме иста бројка на нови пациенти секојдневно за се поголем и поголем број на направени тестови, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека дневно вкупно се прават помеѓу 200 и 300 тестови во сите лаборатории и приватните и државните.

– Деновиве се вклучи и лабораторијата на Ветеринарниот институт со 30-ина теста, плус во трите приватните институции во секоја поединечно се прават по околу 30 тестови. Сметам дека сега засега имаме сосем доволен капацитет на тестирање, рече Филипче.

Министерот најави донација од 20.000 тестови и 5.000 тестови од една од приватните лаборатории која, како што посочи, ќе ги донира тестовите постепено согласно препораките и индикациите од епидемиолозите. 

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе