Филипче: Помалку од 15% од заболените од COVID-19 се хоспитализирани

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека под 15 проценти од заболените од COVID-19 во земјава се на болничко лекување, дел се со полесни симптоми и на домашно лекување, а останатите се асимптоматски случаи.

– Некаде под 15 проценти е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, другите се со полесни симптоми и се на домашно лекување и останатиот дел се асимптоматски случаи, посочи Филипче во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија.

Тој рече дека другите жаришта на COVID-19 во земјава, освен во Скопје, постепено спласнале.

– Предвидувањата на епидемиолозите, ова морам да го кажам со резерва, се дека следната недела, периодот што следи може да се очекува дека и скопското жариште постепено ќе спласне, рече министерот.

Филипче истакна дека асимптоматската трансмисија е една од најголемите слабости, не само во земјава, тука насекаде во светот.

– И затоа заземавме став  да имаме една ваква агресивна стратегија, идентификување апсолутно на сите  контакти на лица коишто имале претходно физички контакт со заболените лица со цел на време да бидат ставени во изолација, за тука да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата и мислам дека  во тоа успеавме, нагласи министерот за здравство.

Тој потенцираше дека е различен пристапот на тестирање во сите земји и затоа не може да се споредуваат бројките.

Вториот бран што дојде порано од очекуваното, повтори, се должи на непочитување на мерките. Олабавувањето на рестриктивните мерки се должеше на анализи и бројки, оцени министерот за здравство.

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе