Филипче: Смртноста насекаде е голема, за секој ковид-пациент се прави сè што треба

Скопје, 10 ноември 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека за секоја форма на болеста COVID-19 има соодветна препорака и оти матичните лекари добро знаат кои пациенти треба да се третираат дома, а која е индикацијата за едно болно лице да се смести во болничка установа.

– Смртноста насекаде е голема. Огромен број на смртни случаи во соседните земјите од регионот. И тоа што можам да го кажам е дека, апсолутно, за секој пациент се прави сè што треба, нагласи министерот Филипче.

Тој рече дека болничките капацитети сè уште не се пополнети и дека има место на клиниките за болни од COVID-19.

-Сè уште има место на клиниките. Пополнети се околу 40 отсто, некои и 50, рече Филипче.

Министерот за здравство, меѓудругото, потенцира дека за хронично болните лица има механизам кој им овозможува да останат дома.

– Тој механизам важи уште од пред неколку месеци. Секој кој има хронична болест, може со мислење на специјалист да остане дома, рече Филипче.

Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, додаде министерот за здравство.

Тој повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со вчерашната одлука на Владата е продолжена во текот на целиот ден, наместо како досега од 21 часот.

Филипче истакна дека особено загрижува групирањето на младите во парковите забележано изминатиот викенд.

– Целта на целосната забрана за групирање е токму да се спречи собирањето во парковите по 21 часот кога затвораат кафулињата и другите угостителски објекти, што носи ризик за ширење на COVID-19, истакна министерот за здравство, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на пунктот за тесирање во поликлиниката „Јане Сандански“.

реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Македонија

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Read more

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Read more

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Read more

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе