Филипче: Уште е рано да се отворат градинките

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче најави дека викендов ќе дискутираат за отворање на границите некаде од почетокот на следната недела без карантин и без ПЦР тестирање, но оти засега нема да препорача отворање на градинките, додека за враќање на учениците од есен во училиштата интензивно ќе се работат протоколи.

-Со оглед на тоа што не можеме да живееме затворени и тоа што апсолутно целиот регион, еве сега со нови податоци, со исти епидемиолошки ризик, овој викенд ќе имаме состанок со Комисијата за заразни болести и ќе разговараме за отворање на границите некаде следната недела. Веднаш после заклучокот после препораката, којшто ќе се темели на анализите ќе ја соопштиме таа одлука на јавноста, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на ТВ Канал 5.

Тој истакна дека во целиот регион епидемилошкиот ризик е еднаков, веќе се отвораат и аеродромите и цела Европа.

-Претходната одлука беше одлука да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, еве веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без ПЦР тестирање. Еве ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, рече Филипче.

Појасни дека уште е рано да се отворат градинките, а целта е да се заштитат и постарите затоа што децата се преносители на вирусот.

– Можат да  заболат со многу лесна форма меѓутоа ќе страдаат и постарите. Многу малку се деца меѓу заболените и практично нема дете кое има тешка клиничка форма, но сметаме дека уште е рано градинките да се отворат. Скринингот е при крај. Сега за сега нема да препорачам да се отворат градинките. Ќе ја следиме ситуацијата, бројките, анализата, контактите па ќе донесеме соодветна одлука, рече Филипче.

Тој најави дека ќе претстои интензивна работа на протоколите за училиштата  во однос на тоа дали да работат со намален број ученици кои ќе престојуваат во училницата или во две смени, или со запазување  колку што може во рамки на една училница исто како што сега се организираат настаните со курсеви, едукации и тн.

– За сето тоа постојат овие епидемиолошки принципи. Сметам  дека треба да се запазат. Сѐ повеќе се нудат онлајн програми не само кај нас, во светот, веројатно некаква таква комбинација  на онлајн програми со физичко присуство во училниците ќе биде не само кај нас, насекаде во светот, наведе Филипче.

Министерот оцени и дека нема никаква поделеност во рамки на Комисијата за заразни болести, помеѓу членовите врз основа на нивната партиска припадност.

– Нема никакво различно мислење коешто се темели на било што друго освен кога се отвора мегдан за дилеми, па се дискутира, се дискутира, се разгледуваат итн. Луѓето кои таму членуваат се стручни, со години работеле во своите професионални полиња, на полето на епидемиологијата микробиологијата, инфективната медицина, вирусологијата итн. Тие ги претставуват и своите институции, истакна Филипче.

Тој рече дека апсолутно може да каже дека од самиот почеток Комисијата си ја врши работата многу професионално.

– Никогаш нема друг критериум за носење, димензионирање на мерки освен професионалниот критериум, а тоа е медицината, односно епидемиологијата, потенцираше министерот, посочувајќи дека немало никакво попуштање за верските лидери врз основа на што било друго, како празник или настан.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе