Филипче: Уште еден смртен случај и нови 25 заразени со COVID-19

Министерот за здравство Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која информираше за болеста предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2 во нашата држава.

Министерот информираше дека од Клиниката за инфективни болести во Скопје се испишани 5 пациенти кои ќе се упатат на домашно лекување.

Од 28 пациенти во Дебар, на 11 се земаат контролни брисови, тие се општа здравствена состојба и согласно тоа ќе се постапи во однос на нивното понатамошно лекување, извести Филипче.

- Имаме уште еден смртен случај, пациентка на 65 години со бројни претходни заболувања на белите дробови, дијабет, хронична болест на срцето. На инфективната клиника во Скопје вчера се примени 9 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 59. 12 се со потешка клиничка слика, 5 се поставени на механичка вентилација.

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 25 случаи на заразени со коронавирус, по градови:

Скопје 7

Куманово 7

Прилеп 2

Тетово 5

Струга 2

Гевгелија 1

Кочани 1

Со тоа, вкупниот број на заразени со коронавирус изнесува 354 и според местото на живеење во Скопје 183, Куманово 54, Дебар 47, Штип 15, Прилеп 12, Тетово 13, Струга 9, Велес 6, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 2, Гостивар, Струмица, Крива Паланка, Кочани – 1, 2 во Гевгелија.

Досега се тестирани 3.775 пациенти.

- Што се однесува на родилката од Охрид којашто почина вчера, таа имала и претходни компликации. Ќе биде направена обдукција и земен е брис за коронавирус. И двете родилки се третирани е постапено според протоколот за изолација во ГАК. Апелирам до сите пациентки коишто доаѓаат на ГАК се придржуваат до сите насоки, да ги кажуваат сите точни информации бидејќи тоа е клучно за здравјето на родителките и на самиот процес на раѓање, информираше Филипче.

Починатата жена од Лабуништа во болницата во Струга е позитивна на коронавирусот, на неа ѝ беше земен постмортен брис, за пациентот од Битола сè уште се чека резултатот, појасни министерот.

Во однос на породилното отсуство, се дискутираше прашањето на Централниот штаб за да се продолжи породилното отсуство.

Во врска со Охридската болница, посочи дека таму е завршен увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изречени се казни на поранешната директорка, на доктори специјалисти од Одделот за инфектологија, како и на самата институција, а во периодот кој следи ќе се направи стручен увид од Лекарската комора, по што за случајот ќе заседава и Етичката комисија при Лекарската комора.

- Има 80-годишна пациентка од Штип која била таму примена првпат на 26 март, првиот брис е негативен, тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Таа се лекувала на Одделението за инфективни болести, има влошување на состојбата и на 30-ти повторно е упатена на Инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимптоматски, направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат од други одделенија во болницата во Штип на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација, рече Филипче.

Тој истакна дека заболена од коронавирус е една медицинска сестра од Куманово која патува и е на работно место на Клиниката за пулмологија.

– Минатата недела била во резервниот тим во добра општа состојба без никакви симптоми дошла на работа во понеделникот, вчера почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис и е позитивна на коронавирусот. Таа за време на работниот процес овие два дена додека била на Клининиката била со целосна заштитна опрема, со маска и ракавици. Направени се интервјуа со нејзините колеги, медицинските сестри по што ќе се постапи согласно податоците, рече Филипче.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе