Филипче: Здравството одлично се справи со пандемијата

Во интервју за телевизијата Алсат М, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче зборувајќи за состојбата со коронавирусот оцени дека здравствениот систем и здравствените работници одлично се справија со пандемијата.

„Нашите здравствени работници одговорија многу брзо и на највисоко експертско-стручно ниво. И во однос на раната детекција и превенцијата и во однос на оној клинички дел, односно третманот на пациентите. Ние бевме меѓу првите земји коишто ставија термални камери за детекција на аеродромите, меѓу земјите коишто сметам дека направија одлична стратегија во однос на дијагностицирање, начин на пристап, анализа на пациентите и идентификувањето на нивните контакти како и третманот на пациентите. И сето тоа во рамките на капацитетите на нашиот здравствен систем“ – рече Филипче.

Филипче ги посочи сликите од Италија и некои делови во Шпанија каде што немаше место каде да се сместат пациентите и потенцираше дека тоа кај нас не се случи и во ниту еден момент не дозволивме да се преполнат болниците.

„Во ниту еден момент на Инфективната клиника како централна јавно-здравствена установа кај што се сместуваат овие пациенти, капацитетот не беше пополнет повеќе од 60-65 проценти. Во ГОБ „8 Септември“, никогаш повеќе од 5 проценти“ – изјави Филипче.

Министерот заклучи дека улогата на епидемиолозите, од аспект на превенција, раната детекција и дијагнозата и улогата на клиничарите- инфектолозите, интернистите коишто им помагаа во однос на третманот на  пациентите дадоа одлични резултати во менаџирање на кризата, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе