Филипче: Зголемен е бројот на заболени со COVID-19, доминира британскиот сој

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Има зголемување на бројот на заболени од COVID-19 во државава. Во овој момент сѐ уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ. Во текот на вчерашниот ден имав разговори со претставници на лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“, каде британскиот сој е присутен во 70 проценти. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека зголемен е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат, меѓутоа не до тој степен да ги загрозуваат болничките капацитети.

Посочи дека во дел од болниците ширум државата конкретно Кавадарци, Прилеп и Охрид има сосема доволен број слободни болнички капацитети.

– Конкретно во Скопје во овој момент слободни болнички кревети има на Инфективната клиника без Модуларната болница, меѓутоа значајно ослободен болнички простор има и на Интерните клиники кои сега нормално функционираат. Во кој било момент се подготвени сите овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа кога сите лекари, сестри ротираа и сите интерни одделенија без наменети за третман на пациенти заболени од COVID-19. Ние за тоа имаме секојдневна комуникација и утрово и во текот на вчерашниот ден со директорите на сите тие клиники, тие се свесни, знаат и очекуваат, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

Во делот на мерките, тој потенцира дека дефинитивно е можно воведување дополнителни рестриктивни мерки, меѓутоа засега не.

– Гледаме и следиме дали овој тренд ќе продолжи на овој начин до тој степен да биде ризик повторно да се оптоварат болничките капацитети и поради тоа што засега нема таква индиција сметаме дека ова е нешто што сега засега добро се менаџира, но не ја исклучувам таа можност, додаде Филипче.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе