Финале на ЕУРО 2020, Англија – Италија вечерва на „Вембли“

Стадионот „Вембли“ во Лондон вечерва од 21 часот ќе биде домаќин на финалето на 16. Европско фудбалско првенство во кое домаќинот Англија ја пречекува репрезентацијата на Италија.

Англичаните немаат европски трофеј во својата историја, а вечерва ќе го играат своето прво големо финале од 1966 година кога на истиот стадион ја освоија титулата светски првак.

Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт ќе се обиде да го повтори успехот на Италија од 1968 година, кога Азурите ја освоија својата прва и засега единствена европска титула, совладувајќи ја во финалето на домашен терен во Рим поранешна СФР Југославија.

Оттогаш, Италијанците уште два пати стигнаа до финалните натпревари на Европските првенства на кои беа поразени во 2000 и 2012 година.

Финалето од трибините на култниот „Вембли“ ќе го следат 60.000 навивачи, кои во огромно мнозинство ќе бидат Англичани.

Очекувани состави:

Италија – Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон Барела, Жоржињо, Верати, Киеза, Имобиле, Инсиње.

Англија – Пикфорд, Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо, Филипс, Сака, Маунт, Стерлинг, Кејн. 

Тагови
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе