Финален концерт од џез манифестацијата Today it’s all about jazz vol.4

И повторно е време за џез!  Денеска, 11 ноември, со почеток од 19 часот, во малата сала на Македонската Филхармонија ќе се одржи финалниот концерт од манифестацијата Today it’s all about jazz vol. 4, која оваа година поради актуелната ситуација се одржуваше етапно, преку неколку концертни вечери.

Вечерва на сцената ќе се појават два моќни музички состави, сосема различни, но уникатни по својот состав и музички израз.

Нежниот баритон-вокал на беспрекорниот Џон Илија Апелгрен, придружуван од „Мартин Ѓаконовски Трио“ и специјалниот гостин Кире Кузманов на алт саксофон/флејта, се првите музички виртуози кои со прекрасните звуци на сентименталната џез музика ќе се претстават на сцената на Македонската Филхармонија.  Тие пред публиката ќе го изведат материјалот посветен на врвниот американски џез пијанист Nat King Cole. На репертоарот се дел од најубавите и не толку често изведувани џез композиции кои ги допираат најдлабоките човечки емоции..

Искусниот џез состав „Мартин Ѓаконовски Трио“ го сочинуваат: Мартин Ѓаконовски – на бас, Гордан Спасовски – на пијано, а на тапани овој пат Славчо Коцев. 

D.S.H. (Diamond Shaped Heart) од друга страна, е современ џез бенд составен од четворица млади, талентирани и амбициозни музичари кои со својот деби албум веќе имаат остварено неколку настапи низ Македонија. Нивната музика се карактеризира со спокојност, богата и воодушевувачка хармонија и разиграност во ритамот и мелодиите која се провлекува низ сите нивни композиции. На овој концерт, заедно со специјалните гости ќе ги изведуваат композициите од нивниот албум "Intermission", кој е под издаваштво на ЗЏМ.

D.S.H. се: Иван Петровски - гитара Филип Димишковски - клавијатури Дејан Митровиќ - контрабас/бас гитара Виктор Филиповски – тапани, а како специјален гостин, покрај Кирил Кузманов со негоvиот алт саксофон, ќе настапи и вокалистката Полина Тасева која успешно ја гради својата кариера во поп музиката, но нејзиниот вокал совршено се вклопува во изведбата на џез музика. 

Третиот и последен концерт од манифестацијата Today It’s All About Jazz кој ќе биде емитуван online, во живо од малата сала на Македонска филхармонија преку FB страната на ЗЏМ, со почеток од 22 часот, е концертот на македонската џез група Skopje Jazz Inc..

Skopje Jazz Inc. е македонска џез група оформена во 2018 година. Нејзините членови, Трајче Велков (труба), Горан Гешоски (бас-гитара), Зоран Костадиновски (гитара) и Виктор Филиповски (тапани) ѝ се веќе добро познати на домашната публика како студиски и „сешн“ музичари, како и соработници во авторски проекти на повеќе комбо и биг-бенд состави во земјава и во странство, а досега имаат остварено и бројни настапи на меѓународната џез сцена.

Овие момци ги обединува идејата да создаваат, негуваат и промовираат џез музика и нивниот репертоар опфаќа авторски композиции аранжирани во стил својствен за музичките афинитети на бендот, во кои неизбежно се спојуваат традицијата и модерните текови, со смел поглед кон иднината.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе