Финалниот трејлер за „Brightburn“ е застрашувачки
Sony Pictures го објави финалниот трејлер за новиот суперхеројски хорор филм „Brightburn“, во кој суперхеројот станува лице на злото.
Што се случува кога дете од друг свет ќе се најде на Земјата, но наместо да биде херој за човештвото, испаѓа дека е злобен? Станува збор за радикален нов жанр, суперхеројски хорор.
Филмот е во режија на Давид Јаровески, а во главните улоги се појавуваат Дејвид Денман, Елизабет Бенкс, Џексон А. Дан, Мет Џонс и Мередит Хагнер.