ФК Тетекс прослави 68 години и го повлече дресот со број 4 во чест на Бошко Блажевски

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово со пригодни активности и ревијален натпревар за прв пат од осамостојувањето денес одбележа годишнина од основањето на 18 февруари 1953 година. Од употреба се повлече дресот со број 4 во чест на Бошко Блажевски кој лани почина, а играше 12 сезони во клубот и беше тренер и дел од управата.

Ревијалниот дуел со Брегалница од Штип времено беше запрен во 4. минута во чест на бројот 4. Играчот на Тетекс, Мирослав Јовановски кој го носеше дресот заедно шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски го предадоа дресот на семејството Блажевски.

„Голема чест за нашето семејство. Нека биде поттик за сите спортски работници, за младите и децата, дека сѐ што ќе постигнат во спортот некој ќе им го памти тоа. Дека се возвраќа доброто за добро и дека целта ќе им биде исполнета до крај. Во 70-тите години имаше и проштален натпревар во негова чест кога се повлекуваше од активното играње фудбал, после тоа директно и индиректно вклучен во фудбалскиот клуб Тетекс како тренер, спортски работник во управа, редовно беше дел од клубот. Целиот свој живот го посвети на градот Тетово и ФК Тетекс, има многу кажани и неискажани приказни за неговото фудбалско патување“, изјави синот Зоран Блажевски, инаку придружуван со внуците на Бошко, Дарио и Бобан.

Фото: ФК Тетекс Тетово

Дресот со број 4 ќе биде во клупските простории. Во ревијалниот дел Тетекс ја совлада Брегалница со 4:0. Тетекс додели благодарници на поединци, групи, спортски работници и медиуми за поддршката што ја даваат на клубот.

Бошко Блажевски почина на 76 години на 7 септември 2020 година. Блажевски својата кариера ја започнал како средношколец во штипска Брегалница, па продолжил една година во Љуботен по што околу 15 години го носел дресот на Тетекс. Блажевски има работено како тренер и спортски новинар. На 18 февруари 1953 е одржано основачкото собрание на клубот кога е формиран од локалниот текстилен комбинат како ФК Текстилец, а подоцна е преименуван во денешното име Тетекс.

Remote video URL

Клубот денес се натпреварува во 2.МФЛ Запад откако лани го доживеа најлошиот пласман играјќи во 3.МФЛ Запад. Тетекс во својата историја 4 пати бил шампион на Македонија во тогашната Републичка лига за време на Југославија (1964/65, 1968/69, 1973/74 и 1984/85), еднаш ја освоил втората југословенска лига Исток (1980/81), еднаш 2.МФЛ (2008/09) и 2 пати победил во Купот на Македонија (2009/10 и 2012/13).

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе