Флорида: Службите знаеле дека има пукнатина на мостот

Службите на државата Флорида добиле информација дека „нема загриженост за безбедноста“ поради пукнатината на мостот на Универзитетот во Мајами, само неколку часа пред да се сруши мостот при што загинаа шест луѓе.

Меѓународниот универзитет на Флорида соопшти дека во четвртокот утрото бил одржан состанок со инженеринг и градежните компании, како и Службата за транспорт на Флорида.

Еден од инженерите им рекол на службите дека пукнатината „не го загрозува структурниот интегритет на мостот“.

Мостот се сруши врз осум возила на автопатот под него три часа подоцна.

Во соопштението од Универзитетот, чие дело беше експресно изградениот мост, стои дека одговорниот инженер дал техничка презентација за пукнатината на состанокот што траел околу два часа.

Оваа вест следи откако Дени Пит, водечкиот инженер на мостот, предупредил дека има пукнатина на мостот два дена претходно, преку гласовна порака што ја оставил во Службата за транспорт.

Тој во пораката исто така вели дека смета дека нема причина за загриженост „од безбедносна гледна точка“.

Вработени во Службата вчера рекоа дека ја слушнале пораката дури откако паднал мостот, но не спомнаа дека бил одржан состанок истиот ден, на кој била спомната пукнатината.

Националниот одбор за безбедност при транспорт на САД отвори истрага за утврдување на причината за рушењето на мостот.

„Ако имало пукнатина, тоа не значи дека мостот не бил безбеден“, вели Роберт Ацета, истражител за Одборот.

За сега бројот на жртви изнесува шест, но се стравува дека ќе бидат најдени уште под урнатините од градбата тешка 862 тони што беше изградена неколку дена претходно како пешачки мост за студентите на Универзитетот.

Полицијата рече дека извлечени се три тела и пратени се на идентификување.

Компаниите што работеа на изведбата на мостот рекоа дека ќе пружат целосна соработка во истрагата.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе