Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: 4 столба за забрзување на патот кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави нов план за приближување на Западен Балкан до Европската Унија.

Говорејќи на безбедносниот форум во Братислава, таа рече дека ЕУ треба да стори повеќе за да допре до членките во регионот кои се стремат да се приклучат, откривајќи план од четири точки за поттикнување на локалниот развој.

Фон дер Лајен изјави дека новиот план за раст на Западен Балкан е вистинската работа за регионот и во вистинско време, како и дека оваа иницијатива ќе им овозможи на граѓаните на Западен Балкан одредени придобивки што ги имаат членките на ЕУ. Таа нагласи дека заедничка цел е да се забрза патот на земјите од регионот кон Европската Унија и оти ЕУ го сака Западен Балкан во Унијата.

„Сакаме да се надоврземе на грешките што беа направени во претходниот период, но сакаме и да обезбедиме одредени придобивки што ги имаат членките на ЕУ за граѓаните од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме се заснова на четири столба. Првиот е да се доближи Западен Балкан до единствениот европски економски пазар, второ, да се продлабочи регионалната економска интеграција, да се забрзаат фундаменталните реформи и да се зголемат претпристапните фондови. Во извесна смисла ова е нов пристап кон Европската Унија. Ние не само што сакаме да ги замолиме нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, туку и сакаме да направиме голем чекор кон нив. Наша заедничка цел е да го забрзаме нивниот пат кон Европската Унија“, изјави претседателката на Европската комисија.

Како што рече, сите земји кои се приклучија на ЕУ во последните две децении добија пристап до единствениот економски пазар, што беше главниот двигател на нивниот економски успех.

„Но, земјите кои веќе се на перспективен пат кон ЕУ треба да имаат корист од единствениот пазар. На пример, Западен Балкан би можел да пристапи кон нашиот единствен дигитален пазар во области како што се е-трговија или сајбер-безбедноста. Можеме да посредуваме во трговијата, услугите и плаќањата. Сакам нашиот единствен пазар да биде двигател на промените. Не само за земјите кои се приклучија кон нашето семејство, туку и за оние на патот. Оваа поблиска соработка на нашиот единствен пазар треба да оди рака под рака со заедничкиот регионален пазар“, рече претседателката на Европската комисија.

Според неа, единствениот регионален пазар е клучен за огромниот економски потенцијал на регионот и е важен за да го направи Западен Балкан поатрактивен за европските инвестиции.

Таа кажа дека доколку се заснова на европски правила и стандарди, овој заеднички регионален пазар ќе го забрза пристапот во Европската Унија.

„Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Секако, тоа значи и дека однапред мора да се исполнат одредени услови за членство. Некои од реформите кои се дел од пристапниот процес се клучни за довербата на инвеститорите. Градењето независно и ефикасно судство, кое обезбедува транспарентни јавни набавки, борбата против корупцијата или енергетскиот пазар“, рече Урусал фон дер Лајен.

Нагласи дека регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира подалеку од руските фосилни горива, но оти мора да ја зголеми енергетската ефикасност, да се поврзе со други извори на снабдување, а дополнително, потребни се огромни инвестиции во обновливи извори на енергија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе