Свет

Forbes: Бил Гејтс најбогат човек во светот, Трамп падна за 220 места

20. март 2017 - 20:28 | Б.С.Б.

Бил Гејтс е повторно прогласен за најбогат човек во светот според магазинот Forbes. Неговото богатство е проценето на 86 милијарди долари, додека претседателот на САД, милијардерот Доналд Трамп паднал на листата за повеќе од 200 позиции.

На листата на десетте најбогати луѓе во светот доминираат Американци од кои повеќето се од технолошкиот сектор. На листата има најмногу милијардери од САД, дури 565. Потоа следува Кина со 319 милијардери, додека Германија е на трето место со 114 милијардери.

Трамп паднал за 220 место на листата и сега се наоѓа на 544 место со богатство од 3,5 милијарди долари.

Вака изгледа листата на десетте најбогати луѓе во светот:

1. Бил Гејтс – 86 милијарди долари

2. Ворен Бафет – 75,6 милијарди

3. Џеф Безос – 72,8 милијарди

4. Амансио Ортега – 71,3 милијарди

5. Марк Закерберг – 56 милијарди

6. Карлос Слим – 54,5 милијарди

7. Лари Елисон – 52,2 милијарди

8. Чарлс Коч – 48,3 милијарди

9. Дејвид Коч – 48,3 милијарди

10. Мајкл Блумберг – 47,5 милијарди долари.

Коментирај