Франкфурт е првиот германски град што ги украси улиците за Рамазан

Франкфурт стана првиот германски град кој ги украси своите улици за Рамазан, а неговиот пример го следи Келн.

Во текот на месецот на пост (од 10 март до 9 април), Франкфурт доби празнично осветлување, нешто на што Германците се навикнати само за време на божикните и новогодишните празници.

Пешачката улица „Гросе Бокенхајмер Штрасе“ во Франкфурт, локално позната како „Фресгас“ или „Улицата со храна“, е украсена со знаци „Среќен Рамазан“ и осветлени украси.

Рамазанските украси беа блокирани од некои официјални лица минатата година, но владејачката Партија на зелените во градот успеа да го протурка предлогот оваа година.

„Со украсувањето на улиците за време на Рамазан, градот Франкфурт испраќа важен сигнал до муслиманите и ги цени луѓето од исламската вероисповед во овој град“, напишаа Зелените.

Градоначалничката на Франкфурт, Наргес Ескандари-Грунберг, од Зелените, рече: „Тие се светла на заедништвото, против резервираноста, против дискриминацијата, против антимуслиманскиот расизам, а исто така и против антисемитизмот“.

Remote video URL

Додека даночните обврзници во Франкфурт мораа да соберат до 100.000 евра за осветлување, панданот на лампиони во Келн се финансира од донации.

Поддржувачи на здружението „Рамазански проект“ кое го украси градот во соработка со енергетската компанија RheinEnergie се стоматолози, продавница за мобилни телефони, златарница, ќебапчилница, други компании и Меѓународната исламска фондација.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе