Фудбалер заплака пред камера откривајќи дека е геј

Младиот австралиски фудбалер Џош Каваљо на социјалните мрежи објави видео во кое јавно откри дека е геј.

Левиот бек на Аделејд Јунајтед напиша дека е подготвен да зборува за нешто лично за кое конечно му е удобно да зборува.

„Јас сум фудбалер и хомосексуалец“, вели Каваљо кој може да игра и во средниот ред.

„Сѐ што сакам е да играм фудбал и да ме третираат еднакво“, рече тој со солзи пред камерата.

URL

Џош истакна дека е уморен од обидот да се однесува адекватно и да живее двоен живот, бидејќи тоа е исцрпувачки.

„Беше патување да се дојде до оваа точка од мојот живот, но не можам да бидам посреќен со мојата одлука да 'излезам'. Веќе 6 години како се борам со мојата сексуламост и мило ми е што конечно можам тоа да го тргнам настрана“, напиша Каваљо.

URL

Каваљо од годинава е дел од Аделејд Јунајтед каде е тимски со колега со голманот Џејмс Делианов, Македонец од Австралија. Кариерата ја почна во младинските категории на Мелбурн Виктори, а на сениорско ниво настапувал и за Мелбурн Сити и Вестерн Јунајтед. Бил и репрезентативец на својата земја во У20 категоријата.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе