Фудбал

Фудбалски гаф: Најлошо изведениот пенал во историјата

14. март 2019 - 16:31 | А.С.

Од година во година сме сведоци на трагикомични сцени во фудбалот, па дури и докажани професионалци понекогаш прават аматерски гафови. Сепак, ретко кој може да се спореди со овој фудбалски гаф.

Играчот за врска на Свонси Берсант Едвар Челина, роден во Призрен, Косово, вчеравечер прописно се посрамоти во поразот од Вест Бромвич (3:0).

Кога Вест Бромвич водеше со 1:0, Свонси добија пенал, а топката на белата токчка ја стави Челина. Имаше прилика да го израмни резултатот во Бирмингем уште во 39-тата минута.

Меѓутоа, следеше шок за сите, дури и за навивачите на Вест Бромвич. Зошто сметаме дека ова беше најлошо изведениот пенал во историјата, уверете се сами:

Челина има 22 години и во Свонси стигна во јули, 2018 година со трансфер вреден 3 милиони фунти, со бонус од 1 милион фунти, во зависност од играта. За тимот има постигнато 7 голови и 6 асистенции оваа сезона.

Коментирај