ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Гана се засили за Светско: Ињаки и уште петмина сменија репрезентација

Репрезентацијата на Гана со многу посилен состав ќе го дочека овогодинешното Светско првенство во Катар откако ФИФА даде зелено светло шестмина играчи од Европа да заиграат за оваа африканска земја.

Членовите на Фудбалската асоцијација на Гана веќе извесно време бараат низ светот играчи чии корени се од оваа африканската земја за да ги убедат да не ги бранат боите на државите каде што се родени и да се свртат кон земјата од која потекнуваат. Според досега сработеното, мисијата е многу успешна.

Претседателот на ГФА, Курт Окраку, објави дека нивната репрезентација значително ќе се засили за Мундијалот во Катар.

URL

Дел од играчите кои добија право на настап се Мохамед Салису (централен дефанзивец, Саутемптон), Стефан Амбросиус (централен дефанзивец, Хамбургер), Патрик Пфајфер (централен дефанзивец, Дармштад), Рансфорд-Јебоа Кенигсдерфер (напад, Хамбургер), а секако најзвучното засилување е напаѓачот на Атлетик од Билбао, Ињаки Вилијамс.

Рансфорд-Јебоа Кенигсдерфер

Освен Салису, кој е роден во Гана па преселен во Англија, сите останати се родени во Европа, некои и од мешани бракови како Пфајфер и Кенигсдерфер, кое заедно со Амбросиус се родени во Германија. Вилијамс, пак, е роден во Шпанија и има еден настап за Шпанија во 2016, за која играше и за младинската репрезентација. Има и 2 настапа за непризнаената репрезентација на Баскија. Инаку, Вилијамс стана првиот странец кој играл за Атлетик, а доби дозвола затоа што е роден во Баскија.

Ињаки Вилијамс

Гана доби и уште едно засилување од Премиер лигата. Десниот бек на Брајтон енд Хоув Албион, 21-годишниот Тарик Лампти се откажа од можноста да игра за англиската репрезентација и веќе треба да игра за Гана во Катар, земјата од која потекнуваат неговите родители. Лампти е талентиран играч кој играше за англиската репрезентација од 18 до 21 година, а во последните месеци интерес за него покажаа Арсенал и Тотенхем.

Тарик Лампти

Сите шестмина допрва треба да го имаат своето деби во дресот на популарните „Црни ѕвезди“.

Гана на Мундијалот во Катар е во групата Х со Португалија, Уругвај и Јужна Кореја, а за тоа се избори откако во африканскиот бара7 ја изненади Нигерија елиминирајќи ја.

Стефан Амбросиус
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе