ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Гатузо призна: Порано го шпионирав Сетјен

Тренерот на Наполи е пред голем предизвик бидејќи утревечер во Неапол доаѓа моќната Барселона на чело со тренерот Кике Сетјен кого призна дека порано го шпионирал бидејќи му се допаѓала неговата тактика.

Џенаро Гатузо веројатно ќе го има најтешкиот натпревар во неговата кариера. Утре од 21 часот неговиот Наполи ја пречекува Барселона, еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампиони.

„Во осминафиналето сме благодарение на Анчелоти, поздрав до него. Доколку утре не одиграме на високо ниво, ќе биде лошо. Откако Сетјен дојде во Барса тие многу побрзо ја одземаат топката, за само неколку секунди. Сакам да видам еден разигран Наполи, но противникот не е само Меси. Сакам да играме без страв. И претходно на „Сан Паоло“ сме пружале натчовечки партии“, рече Гатузо.

Тој дојде на чело на Наполи откако Карло Анчелоти ја мина фазата по групи како второпласиран.

Наполи и Барсе вечно ги спојува Диего Марадона кој играше и за двата тима. Затоа Гатузо доби тешко прашање, да каже кој е подобар помеѓу Марадона и Лео Меси.

„Диего е фудбалски Бог, но гледам дека и Меси ги прави истите работи како и тој. За жал Марадона го имам гледано само на снимки...“

Кога во 2017 година Гатузо дојде во Милан прво како тренер на младинскиот тим, Кике Сетјен го предводеше Лас Палмас. Неговите натпревари биле инспирација за Гатузо, призна самиот тој.

„Сетјен го шпионирав додека го водеше Лас Палмас. Многу ми се допаѓа неговиот начин на игра, како сите тимови кои ги води едноставно си играат со топката. Дури и во одбраната играат убаво за око. Тој полека ја враќа Барса како од пред некоја година. Тешко е да им се игра висок пресинг бидејќи одлично проигруваат и со голманот“, заврши Џенаро.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе