Газдата на Sport Klub еден од новите сопственици на Саутемптон

Фудбалскиот клуб Саутемптон потврди дека Sport Republic, чиј главен инвеститор е Драган Шолак, основачот на United Group, во чиј состав се и каналите Sport Klub, ја презел контролата врз клубот.

Sport Republic е инвестициска компанија која се занимава со спорт и забавна индустрија. Тие купија акции кои претходно беа во сопственост на Кинезот Гао Јишен, а ќе соработуваат со Катарина Лајбер, која го задржа малцинскиот удел.

„Во последните две години, заедно со сопствениците на акциите на нашиот клуб, баравме нов партнер кој ќе го води клубот во иднина. Денес го најдовме совршеното решение. Sport Republic е група на искусни инвеститори со долгогодишно искуство во елитниот професионален спорт. Многу е тешко да се најде таква комбинација, но ние сме задоволни што е постигнат договор кој долгорочно ќе го обезбеди нашиот клуб“, изјави Мартин Семенс, првиот човек на клубот.

„Денеска е нов почеток за нас со нова сопственичка група. Најдовме партнери со големи амбиции за иднината, но и оние кои разбираат што претставува Саутемптон и во која насока треба да оди. Нашата стратегија е да одиме напред следејќи ги плановите што ги имавме во претходните години, но со нивна поддршка можеме да го постигнеме тоа со еден нов фокус и брзина. Како клуб никогаш не сакавме да купиме успех, туку да го заслужиме. Sport Republic ни дава моќ да го подобриме нашиот бизнис на сите нивоа и ќе ни помогне да го постигнеме успехот за кој нашите луѓе работат напорно и кој нашите навивачи го заслужуваат. Сите во Саутемптон им посакуваат добредојде на Драган, Хенрик, Расмус и луѓето од Sport Republic во нашиот клуб. Баравме добри луѓе со амбиција да нѐ воведат во нова ера и среќен сум што можам да потврдам дека го најдовме“, додаде.

Задоволството од постигнатиот договор не го криеше и Шолак, главниот инвеститор во Sport Republic.

„Заедно со моите партнери имам долгогодишно искуство во спортот и забавата, а Sport Republic е основана со цел да ја комбинира оваа експертиза и да донесе нешто уникатно на пазарот. Саутемптон ги има сите квалитети што ги баравме во една голема спортска организација. Тоа е клуб со исклучителен менаџмент, исклучителен развој на таленти, тим кој игра атрактивен фудбал и има посветена база на навивачи. Пресреќни сме што ја завршивме оваа аквизиција, што е првиот чекор кон спроведување на нашата инвестициска стратегија. Саутемптон ќе биде основата на организацијата што планираме да ја изградиме“.

Sport Republic е инвестициска компанија со седиште во Лондон, основана од Хенрик Крафт и Расмус Анкерсен, поранешен директор на Брентфорд, чиј главен инвеститор е Драган Шолак. Визијата на компанијата е да ги примени вистинските карактеристики и аналитика за да им помогне на фудбалските клубови да го достигнат својот потенцијал, а инвестирањето во Саутемптон треба да биде само првото во серијата вакви проекти.

Покрај тоа што е главен инвеститор во новите сопственици на Саутемптон, Драган Шолак е и основач и претседател на Советодавниот одбор на United Group. Под негово водство, United Group прерасна во лидер во телекомуникацискиот и медиумскиот сектор во Југоисточна Европа. Еден од важните делови на Групацијата е United Media, водечката медиумска куќа во регионот, која вклучува пет национални телевизиски канали, преку 50 кабелски, 28 веб-страници, како и бројни весници, списанија и радио станици. Компанијата има и спортски клуб, а годишно сите медиуми во United Media произведуваат повеќе од 20.000 часа оригинална содржина. Исто така, Шолак учествувал во основањето и развојот на многу други компании, а е страствен играч на голф и има големи заслуги за развојот на овој спорт на Балканот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе