Минатата сезона Хрватот Анте Ребиќ го предводеше пролетното будење на Милан со 11 погодоци на 15 првенствени натпревари.
Оваа сезона тој не постигна гол дури и по неговиот 10-ти настап, иако поради повредата на Златан Ибрахимовиќ, во последните четири натпревари доби „прекоманда“ од крило во шпиц.
На натпреварот против Сампдорија асистираше за голот за победа со 2:1 и одржување на убавата предност на врвот во Серија А, но најчитаниот италијански весник Gazzetta dello Sport не ја зема четвртата асистенција на Ребиќ на последните пет натпревари како олеснителна околност.
„Промаши најмалку два чисти гола. Требаше да ги постигне двата. Се обидуваше до крајот на натпреварот, но без успех“, стои во текстот на Gazzetta во кој понатаму се објаснува зошто Ребиќ доби едвај „преодна шестка“.
Во извештајот за мечот, за Ребиќ се вели дека бил „подарежлив кон противникот, бидејќи наместо мрежата најпрво го погоди Ферари на гол-линијата, а потоа му дозволи на Тонели буквално да ја извлече топката од голот“.
„Ова не е Ребиќ кој го водеше закрепнувањето на Милан пред скоро една година кога секој негов шут беше гол“, заклучува Gazzetta.